Основни информации за Македонија



МЕСТОПОЛОЖБА

Република Македонија е лоцирана во Југоисточна Европа, во централниот дел на Балканскиот Полуостров. Има позиција на стратегиска крстосница и своевиден мост помеѓу Европа и блиските земји на Азија и на Северна Африка. Таа и припаѓа на групата земји, од таканаречениот Западен Балкан. Опкружена е со следните соседи – Србија и Косово на север, Бугарија на исток, Грција на југ и Албанија на запад.


Basic info about Macedonia

ИСТОРИЈА

Македонија како држава е дел од современата меѓународна политичка сцена, од стекнувањето на независноста од југословенската федерација и е нејзин активен субјект, како на билатерален, така и на мултилатерален план. Но, кога станува збор за условите и податоците што ги наметнуваат историјата и културата, може да се каже дека Македонија е една од постарите европски и светски цивилизации во рамките на Римското, Византиското и на Отоманското Царство.


Basic info about Macedonia

ДЕМОГРАФИЈА

Република Македонија се простира на 25.713 километри квадратни, територија на која живеат речиси два милиона жители. Главен град е Скопје со околу половина милион жители. Таа е мултиетничко и мултикултурно општество со различни религии. Во Македонија, покрај Македонци живеат и повеќе етнички групи – Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми и други. Две третини од населението се православни христијани, а другите се муслимани, католици и друго. Официјален јазик е - македонскиот. Знамето на Македонија е црвено со златно-жолто сонце со осум крака, кои се вкрстуваат по дијагонала, хоризонтала и вертикала, а валутата е денар ( 1 евро – 61,5  денари).


Macedonia Coins Macedonia Money

УПРАВУВАЊЕ

Република Македонија е суверена, независна, демократска и социјална држава, со Устав усвоен на 17-ти ноември 1991 година. Референдумот за независност и осамостојување, поточно одвојување од југословенската федерација, е одржан на 8-ми септември 1991 година. Политичкиот систем е - парламентарна демократија, со претседател кој ја води и ја претставува државата дома и во странство. Претседателот на државата, според Уставот е и командант на армиските сили и е претседател на Советот за безбедност. Претседателот на државата се бира на генерални, директни избори. Тој е со мандат од пет години и тој соработува со извршната власт, поточно со владата при градењето, дефинирањето и спроведувањето на надворешната политика. Владата, пак, на Собранието му предлага закони и го одредува и предлага буџетот, ја води внатрешната и надворешната политика на земјата и ја одредува, организира. Исто така ја следи работата на државните органи на управа и на државната администрација.


Macedonia Government

ПОЛИТИКА

Република Македонија е изградена како унитарна република. Социјалната компонента, слободата, еднаквоста, владеењето на правото и почитувањето на човековите права, за сите граѓани на сите етнички заедници се едни од главните и највисоките вредности од уставниот поредок. Политичкиот систем на Република Македонија како парламентарна демократија, се заснова врз принципот на поделбата на власта на три гранки – законодавна, извршна и правна. Македонското Собрание е еднодомно со 120 пратеници, кои се бираат на непосредни парламентарни избори на четири години. Собранието избира свој претседател, кој има втора позиција во политичката хиерархија на државата.


Macedonia Parliament

МЕЃУНАРОДНИ АКТИВНОСТИ

Република Македонија на 8-ми април 1993 година стана членка на Обединетите нации. Во наредните неколку години активно се приклучи во работата на Советот на Европа, на ОБСЕ и на речиси сите значајни меѓународни организации и институции. Главна надворешно-политичка цел и ориентација на државата е таа наскоро да биде дел од европското и евро-атлантското семејство на држави, поточно да биде полноправна земја-членка на НАТО и на Европската унија.


Obedineti Nacii



 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.