Пештера Пешна


Пештера Пешна

Пешна е пештера во Република Македонија, која е прогласена за споменик на културата. Пештерата се наоѓа на шест километри од Македонски Брод. Според спелеолозите ова е пештера со најголем отвор на Балканот - висината на отворот изнесува 40 метри, а широчината 56 метри. Должината на пештерата е 124 метри. Во пештерата се гнездат ластовици, а во неа живеат и лилјаци. За убавината на пештерата Пешна зборува тоа што New York Times ја споредил со „Helms Deep“ од „Господарот на прстените“.


Пештера Пешна

Од крајниот северен дел на пештерата, по силни дождови и топење на снегот избива силен вруток, кој во сушните периоди од годината наполно пресушува. Според месното население, водата понира од селото Крапа, кое се наоѓа на повисока надморска височина и формира неколку езерца и водопади во „најголемиот пештерски систем кај нас“, за кој се претпоставува дека е долг дури десет километри.


Пештера Пешна

На влезниот дел на пештерата постои средновековна тврдина и остатоци од воденица. Остатоците од тврдината во пештерата се доведуваат во врска со месноста „Девини кули“, која се гледа од внатрешноста на пештерата. Според локалните легенди, на двете тврдини живееле сестрите на Крале Марко. Пешна е регистрирана како локалитет од доцноантичкиот период во Македонија. Пред влезот на самата пештера е откриена античка гробница со свод од тули.


Пештера Пешна

Повеќе информации за Пештера Пешна на следнава страна.





Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.