Мустафа Кемал Ататурк


Мустафа Кемал Ататурк е турски офицер, револуционер и државник, основач на Турската Република, како и нејзин прв претседател. Мустафа Кемал Ататурк станал познат како мошне способен воен офицер за време на Првата светска војна. По поразот на Отоманската империја, тој го предводел турското национално движење во турската војна за независност. Со основањето на привремената влада во Анкара, тој ги поразил силите на Сојузот. Неговото успешно и мудро предводење на војската и воените битки довело до ослободување на државата и основање на Турција. За време на неговиот претседателски мандат, Мустафа Кемал Ататурк остварил економски, политички, културни и социјални реформи во државата.


Мустафа Кемал Ататурк

Тој успеал старата Отоманска Империја да ја трансформира во современа демократска и секуларна држава. Сите промени што ги извршил Ататурк и неговите идеали се наречени со еден заеднички термин - кемализам. Мустафа Кемал Ататурк е роден во Солун, во 1881 г. По неговото раѓање го добива името Мустафа додека пак презимето му било Кемал, што во превод значи „совршеност“. Името го дал неговиот наставник по математика бидејќи Ататурк поседувал одлично познавање од областа на математиката. Во неговите рани години Мустафа Кемал Ататурк посетувал верско училиште, по совет на неговата мајка, но тоа траело краток период. Подоцна, Мустафа Кемал Ататурк се запишал во приватното секуларно училиште Шемси Ефенди по совет на неговиот татко.


Неговите родители сакале Мустафа Кемал Ататурк да се запише во трговско училиште. Но Кемал без нивно прашање се запишал во основно воено училиште во Солун во 1893 година. Во 1896 година се запишал во средното воено училиште во Битола. Во 1899 година станал дел од воената школа во Истанбул и дипломирал во 1902 година. Кемал Ататурк дипломирал на воената академија на 11 јануари 1905 година. Вредно е и битно е да се напомене дека по таткова семејна линија Мустафа Кемал Ататурк потекнува од селото Коџаџик кој се наоѓа во областа Жупа во Дебарско, Македонија, каде во август 2009 г. се подигнаа темелите на куќата на семејството на неговиот татко Али Риза ефенди.


Со воспоставувањето на Република Турција, напорите за модернизација на земјата започнале. Институциите и уставите на западните држави како Франција, Шведска, Италија, Швајцарија требале да се анализираат и да се прилагодуваат според потребите и карактеристиките на турската нација. Недостатокот на информираност на поголемиот дел од турската јавност побудила негативни неосновани реакции од типот на: „Ние се враќаме во деновите на првиот калифат“. Со цел да се воспостават реформите, Мустафа Кемал Ататурк ги поставил Февзи Чакмак, Казим Озалп и Исмет Инону на значајни политички позиции. Мустафа Кемал Ататурк профитирал на сметка на неговата репутација и важел како ефикасен воен водач и ги поминал следните години, сè до неговата смрт во 1938 година, воспоставувајќи широки и прогресивни политички, економски и социјални реформи. Притоа, тој го трансформирал турското општество во модерна, демократска и секуларна нација.


Мустафа Кемал Ататурк

Повеќе информации за Мустафа Кемал Ататурк на следнава страна.





Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.