Куршумли Ан


Местоположба на Куршумли ан

Најголемиот од поранешните караван-сараи Куршумли ан, е сместен на местото на поранешната железарска чаршија, во непосредна близина на зградите на Музејот на Македонија во Скопје. Сигурни податоци за времето на изградба на Куршумли ан нема, иако се претпоставува дека бил изграден во текот на XVI век, околу 1540 година, и тоа на местото на некоја постара градба. Според Стојан Новаковиќ и Гедеон Јуришиќ тој бил изграден во XVI век и служел како воена касарна. Додека Иван Јастребов смета дека поради применетата ѕидарска техника и начинот а изградба, објектот бил изграден уште во времето на императорот Јустинијан I во VI век. Трето мислење е дека бил изграден од страна на дубровничките трговци, кои во градот создале своја колонија. Турските извори, пак, посочуваат дека Куршумли ан бил изграден како завештание на Мула Муследин Оџа во 1550 година.


Куршумли ан

Низ историјата, Куршумли-ан служел за различни намени. Најпрво тој бил ан и неговата основна намена била од трговски и занаетчиски карактер, односно да ги вгости караваните со трговска и занаетчиска стока. Така на неговите ѕидови се најдени потписи на некои дубровчани од XVI век. Како ан Куршумли ан работел до 1787 г., кога бил претворен во затвор и повторно од 1904 до 1912 година. Куршумли ан претрпел штети со земјотресот од 1963, но набргу бил целосно обновен.


Куршумли ан

Архитектура на Куршумли ан

Објектот зафаќа површина од 2.800 м2 со 60 простории сместени на два ката. Се состои од два дела, од кои поголемиот дел служел за сместување на трговците со нивната стока. Другиот содржел штала и други помошни простории. Главниот влез се наоѓа на јужната страна и води до дворот на поголемиот дел, во чијашто средина се наоѓа шадрван. Над главниот влез е изграден трем со куполест покрив. Од левата и десната страна на приземјето и на катот се простира отворен трем, изграден со големи квадратни камени столбови, кои меѓусебно се поврзани со полукружни лакови.


Приземјето служело за сместување на стоката, додека на катот се наоѓале собите во кои почивале гостите. Вториот дел служел како коњушница и во него се влегува преку поголемиот дел или преку влезот сместен на источната страна. Ѕидовите се изградени во византиски стил, со редење на тули и камен и со високо подигнати прозорци. Над нив има мали куполи, кои наликуваат на пирамиди со благо извишени страни и во минатото биле покриени со олово. На почетокот бил познат како „ан на Муследин Оџа“, во чест на наредбодавачот за негова изградба. Се верува дека името „Куршумли ан“, коешто во превод од турски значи „оловен ан“, го добил во текот на XIX век, поради покривот кој бил изработен од олово.


Повеќе информации за Куршумли ан на следнава страна.





Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.