Црква Свети Димитрија


Православната црква Свети Димитрија

Православната црква Свети Димитрија е сместена во непосредна близина на Камениот мост во Скопје, на почетокот од чаршијата од нејзината јужна страна и под скопската Тврдина Кале. Посветена е на великомаченикот Свети Димитриј Солунски. Од натписот на влезната порта од црквата се дознава дека на местото на коешто се наоѓа имало стар храм уште од XVI век. Во 1727 година за првпат црквата се споменува како катедрална, а во текот на XIX век, во неа била сместена Скопската митрополија.


Во тој период биле извршени неколку доградувања и реновирања на црква Свети Димитрија, која денешниот облик го добила во 1896 година, кога и била осветена. Нејзината камбанарија пак, била доградена во периодот од 1907 до 1908 година.[44] Во текот на XX век, црквата била од исклучително значење, а до изградбата на црквата „Св. Климент Охридски“ служела како соборен храм на Македонската православна црква.


Храмот претставува трободна црква Свети Димитрија со апсида. Градбата е ѕидана со камен и малтер и е поделена во два реда со по три столба. Во нејзиниот внатрешен дел се наоѓаат галерија, певница и престол за владиката. Црквата изобилува и со живописни мотиви, при што на куполата е насликан „Исус Седржителот“. Во предворјето на црква Свети Димитрија се наоѓа гробот на првиот поглавар на Македонската православна црква, г.г. Доситеј, додека до источниот ѕид од надворешната страна на црквата е сместен гробот на вториот поглавар, г.г. Ангелариј.


Црква Свети Димитрија

Повеќе информации за православната Црква Свети Димитрија на следнава страна.





Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.