Бигорски Манастир


Бигорски манастир Свети Јован Крстител (или Свештена Бигорска Обител)

Местоположба на Бигорски манастир

Бигорски манастир Свети Јован Крстител (или Свештена Бигорска Обител) е манастир кој се наоѓа на патот помеѓу Гостивар и Дебар. Во непосредна близина е на селата Ростуше, Битуше, Велебрдо и Требиште, по течението на реката Радика во западна Македонија. Според Бигорскиот поменик, манастирот бил основан од страна на монахот Јован во 1020 година, а во XVI век манастирот бил разрушен од страна на отоманската власт и од целиот комплекс останал само како мала црква.


Бигорски Манастир

Од помениците исто така се дознава дека манастирот бил повторно обновен во 1743 година, од страна на јеромонахот Иларион. Тој е првиот игумен на Бигорскиот манастир во поново време. Името на Бигорски Манастир доаѓа поради фактот што објектот бил изграден од бигор. Бигорски манастир го сочинуваат манастирската црква која е посветена на Јован Крстител, костурницата, сместена до самата црква, сејменската одбранбена кула, комплексот манастирски конаци, како и новоизградените гостински конаци.


Иконостасот во Бигорски манастир

Манастирот Свети Јован Бигорски надалеку е познат по својот иконостас. Него го правеле занаетчиските раце на Петре Филипов-Гарката од селото Гари, заедно со брат му Марко Филипов, Макариј Фрчковски од Галичник и Аврам Дичов со синовите Васил и Филип, од родот Филиповци од Осој. Во периодот од 1829 до 1835 година успеваат да создадат прекрасна артистичка дрвена постапка.Иконостасот е поделен во шест хоризонтални појаси. Првиот во основата е составен од правоаголни полиња на кои има орнаменти од флората и фауната. Вториот појас, во кој се поместени престолните икони, завршува со фигура на орел со раширени крилја. Третиот појас е поделен на три помали хоризонтални разделби во кои симетрично се распоредени ангели, гроздови, гранки од винова лоза и др.


Бигорски Манастир

Над нив се наоѓаат два реда икони - празнични и со претстави на апостолите. Во централната партија се наоѓа големиот крст на којшто е претставено Христовото распетие. На обете страни од крстот стојат фигури на змеј од чии усти се креваат иконите на свети Јован Крстител и Пресвета Богородица. Покрај иконостасот, Бигорски Манастир е познат и по иконата на Св. Јован Крстител за која се верува дека има чудотворна моќ. Според преданието, иконата ја нашол монахот Јован во 1020 година. Таа сама дошла до местото каде што подоцна бил изграден Бигорски Манастир и лебдела над изворите на реката Радика.


Во XVI век, во времето на султанот Селим II, Османлиите го запалиле Бигорски Манастир, а иконата мистериозно исчезнала за потоа, уште помистериозно да се врати неоштетена. Во манастирските списи е запишано дека иконата на свети Јован Крстител 35 години не била заштитена и дека дури во 1885 година иконата е обложена со сребрен оклоп. На иконата Јован Крстител е претставен како светец-трирачник. Се верува дека третата рака е благосвувачка и дека иконата им помага на родителите кои не можат да добијат деца.


Повеќе информации за Бигорски Манастир на следнава страна.





Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.