Безистен


Безистен

Скопскиот Безистен е сместен во внатрешноста на чаршијата, веднаш над западниот влез од Сули ан. Бил изграден во XV век, во време кога со Скопје управувал Исхак-бег. Набргу станал центар на трговијата во градот, околу кој се создавала чаршијата. Во текот на времето попримил повеќе функции, кои зависеле од големината и потребите на градот. Како последица на пожарот од 1689 г., Безистен бил целосно уништен. Од натписот што се наоѓа на поставената плоча на неговиот влез, се дознава дека бил обновен дури во периодот од 1899 до 1900 година. Како негови повторни градители се споменуваат имињата на Хаџи Хусеин, Осман и Јашар-бег. Оттогаш го зачувал својот облик до денес.


Безистен

За првобитниот изглед на безистенот не постојат веродостојни податоци. Тој се споменува во записите на повеќе патписци, меѓу кои и на Евлија Челебија. Првите поконкретни податоци се добиени при реконструирањето на новиот безистен во 1964 и 1965 година, кога се откриени остатоци од ѕидовите на стариот безистен, неговите темели и од два столба. Според добиените сознанија, безистенот кој бил изграден во времето на Исхак-бег, бил околу еден метар под нивото на денешниот безистен и имал ѕидови со дебелина од 2,6 м.


Спаѓал во групата на засводени безистени, покриени со повеќе куполи. Во неговиот денешен облик, безистенот претставува камена градба со правоаголен објект, на која е забележително влијанието на западната архитектура. Содржи четири влеза, кои се распоредени во средишните делови на фасадите од сите четири страни. Внатрешноста се состои од систем на улички, кои водат до двокатните дуќани, покриени со дрвореден покрив. Во него се наоѓаат и два изолирани двокатни објекта.


Безистен

Повеќе информации за Безистен на следнава страна.





Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.