Зелен Брег


Зелен Брег- бисер на југот од Македонија

Зелен Брег (2166 m) е највисок врв на планината Кожуф. Се наоѓа во средишниот дел на планината, југоисточно од с. Конопиште (Кавадаречко). Врвот Зелен Брег е заоблен, лесно пристапен и покриен со високопланински пасишта. Кон југ се протега одличен и восхитувачки панорамски видик кон острите ограноци на Кожуф и кон Солунско Поле.


Зелен Брег

Околу шест часа планинарење со паузи се потребни за од месноста Аџибарица, над Смрдлива Вода, гевгелиско, да се стигне пеш до Зелен брег, највисокиот врв на планината Кожуф и назад. На 2.172 метри надморска височина, вистинско задоволство е да се биде дел од една таква планинска авантура. Планинскиот бисер на југот од земјата ги освојува симпатиите на сите оние кои барем за миг биле сведоци на неговите убавини. Љубителите  на природата уживаат во дивината и целосно се препуштаат во прегратките на магијата и мистеријата на Кожуф. Зелен брег претставува атракција сам по себе. Таму просто ти се чини дека облаците се на дофат на раката.


Легендата како прекрасната планина на југот го добила своето име

Во минатото имало тука некој овчар со стадо, имал и син. Снемале леб и детето заминало дома по леб, долу во селото. Мајка му му дала се што треба и храна и вода, а му рекла да си го земе и кожуфчето. Не го сакам, рекло момчето, топло е. Арно ама среде пат го фатило многу студено време, а тој само повторувал ех, кожуфчето сега каде ми е. Така настанало името на планината Кожуф.


Зелен Брег

Меморијален Марш до Зелен Брег

Планинарското друштво Кожуф организира меморијал "Димитар Кангов-Kангата". На меморијалот кој се одвива на терените на планината Кожуф и чија крајна цел е врвот Зелен брег, учествуваат планинари од ПД Кожуф и од други градови во Македонија. Маршот се организира секоја година, во спомен на прерано починатиот планинар. За враќање кај Смрдлива Вода сите што сакаат можат да наполнат од водата за која се верува дека е лековита и да си купат од лебот печен во фурна на жар.


Зелен Брег

Повеќе информации за Зелен Брег на следнава страна.






Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.