Титов Врв


Титов Врв- најубавиот врв на Шар Планина

Титов Врв (2747 m), уште е познат како Турчин или Шар и е меѓу најубавите, а воедно и највисок врв на Шар Планина и втор по височина во Република Македонија. Изграден е од мезозојски варовници, доста распукани и оголени. Инаку има пирамидална форма. Околу самиот врв, поради силното мразно разорување се јавуваат камени реки и сипари. Северозападно од врвот е изворот на реката Пена кон која се протега преубав видик, а јужно се наоѓаат неколку глацијални езера меѓу кои најинтересни се Белото и Боговинското. Посебна карактеристика на Шар Планина се т.н. Шарпланински Очи кои всушност претставуваат голем број на глацијални езера. Уживајте во една од најубавите македонски планини, Шара и природни пејзажи од Титов Врв.


Титов Врв

Врв со најдолга историја

Уште со преименувањето на највисокиот врв на Шара од Турчин во Титов Врв во 1953 година, а подоцна и со изградба на кулата на самиот врв, членовите на Планинарскиот клуб „Љуботен“ по повод Денот на младоста, организираат искачувања на овој врв, но на интерно и локално ниво. Така е се до 1980 година кога поради смртта на Ј. Б. Тито се прекинуваат сите манифестации организирани за Денот на младоста. Тогашната управа на друштвото одлучува да го организира првиот Меморијален поход на Титов Врв. Од тогаш овој меморијал се организира и понатаму секоја година на државно ниво.


Огромен број на планинари од голем број на планинарски друштва доѓаат за да се искачат на Титов Врв. Планинари од 7 до 77 години, по секакви временски услови, газат по големите тревни површини, по распрсканите енцијанери и љубичици, по острите планински сипари и по ладните шарски глечери. Сите тие со една мисла и желба за љубов, мир и среќни мигови.


Титов Врв

Со пешачењето или прошетките низ Македонските планини исто така откривате дел од нашата историја, култура и гастрономија. Повеќе информации за искачување на традиционалната пешачка тура до Титов Врв можете да најдете на следниов линк.





Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.