Катлановска Бања


Катлановска бања - бањски центар во Македонија

Катлановска Бања е една од најпознатите македонски бањски центри. Се наоѓа во долниот тек на реката Пчиња, меѓу мошне живописна клисура,  над селото Катланово, на надморска височина од 230 м. Од градот Скопје, со кој е поврзана со современа сообраќајница, е оддалечена 25 км. Каде што се допираат медитеранската клима од југ и умерената континентална клима од север. Термоминералните извори се јавуваат на раседни линии кои се од поголеми размери. Една пукнатина се протега по самиот Бањски Рид и е забележлива во должина од околу 350 м. Теренот каде што се подигнати хотелските објекти е изграден од аргилошости, а Бањскиот Рид од слоевит варовник. Отворената пукнатина од неотектонско потекло, претставува реткост не само за Балканот, туку и во Европа, од која, некогаш и во млазови, клокотела и течела ладна и топла вода.


Катлановска Бања

Во околината на Катлановска бања има повеќе топли и ладни минерални извори. Додека бањата со вода се снабдува од една дупка што дава 1,5 л/с, со температура на водата од 40°С. Водата содржи најмногу натриум, калциум, хлор, сулфати и хидрокарбонати. Во Катлановска Бања со успех се лекуваат повеќе видови ревматични заболувања, болести на половите органи, бубрезите и мочните патишта, нервни, кожни и болести на дишните органи.


Спомен за благодатите што ги дава оваа топлата вода на Катлановска Бања

Во лековитите терми или бањски води на отворено уживале уште од 340 година старите Римјани, потоа Византијците, па турските великодостојници, за што сведочат ниските столови со кружен облик издлабени во карпите. “Спомен за благодатите што ги дава оваа топла вода. Нека биде непресушна за светот што се развива и гради. Пред нас е вистински убав и чист вруток. Нека повелат гостите да ги измие (1317-1898).“ Со овие зборови, напишани на арапски и врежани во стара камена плоча, скопскиот валија Хаф’з Мухамед Паша ги пречекувал гостите во Катлановска бања. Односно денешната Специјална болница за физикална медицина и специјализирана медицинска рехабилитација.


Катлановска Бања

Катлановска Бања - катлановскиот „извор на младоста“

Првиот хотел бил изграден дури во 1934 година. Денеска во Катлановска бања постојат три хотела и неколку одморалишта со вкупен капацитет од 450 кревети. Годишно овде престојуваат по околу 10.000 посетители. Капацитетите на бањата се обновени и таа е една од најсовремените и најквалитетно опремените бањски центри во Македонија. Ако постои чудо во Македонија, тоа е катлановскиот „извор на младоста“. Бројни се изворите од кои избива пареа и термоминерална вода богата со натриум, калциум, хлор, сулфати и хидрокарбонати, а на изворот достигнува температура и до 64 степени. Таа има исцелувачка моќ и успешно лечи ревматизам, артритис и многу хронични кожни, невролошки, женски, ортопедски и болести на дишните органи.


Катлановска Бања

Катлановска Бања - туристичка атракција

„Катланово е котелот каде сонцето се раѓа. Ако нешто може да ме излечи, тогаш тоа е таму, помеѓу сонцето и водата“ – зборови се на славниот император Јустинијан Први (483-565). Тој бил роден во Таурисиум каде изградил тврдина, а неговата мајка во Бадеријана. И денес овие села во катлановско ги имаат речиси истите имиња, Таор и Бадар.


Спојот на природните убавини збогатени со уметничките вредности се надградува во една хармонија на природата и делото на човекот. Катлановска бања, која само еден мост ја дели од селото Градманци, е туристичка атракција и со богатството на автохтониот растителен и животински свет од просторот на Катлановскиот предел вклучувајќи го и Катлановското блато. Прекрасните видици, патеки за прошетка, спортскиот риболов, изворната архитектура, црквите, мноштвото чешми, но и фолклорот и културните манифестации. Оваа испреплетеност на културно и духовно задоволство овозможува вистински совршено доживување на Катлановска Бања, како туристичка дестинација.


Повеќе информации за Катлановска Бања на следнава страна.





Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.