Дебарски Бањи


Дебарски бањи - Бањиште и Косоврасти

Дебарскиот регион е богат со разни термо-минерални води кои се сместени во селата Бањиште и Косоврасти каде денеска се наоѓат и две модерни бањски центри, Дебарски бањи под истите имиња. Дебар е мал град во западна Македонија но со долга историја. Иако постојат многу легенди за овие извори, најстарото сведоштво за постоењето на балнеотерапијата во овој регион се двете антички базени во Бањиште. Тие биле изградени во 1797 година од Хаџи Муџeдин, син на Нуман Ефенди, членови на старата Оручи Заде Дебарска фамилијата од 1010 годинa. Овие базени се неодамна реновирани и може да бидат посетени.


Дебарски бањи се основани на 21 Февруари 1948 година, како бањски рекреативен центар најдобар во бившата Југославија. Чии врати беа отворени само за политичарите, армиски генерали и високата класа на општеството. Тврдењата дека овие бањи беа најдобри се потврдија во 70-тите години на минатиот век. Во време кога Дебарскиот регион беше посетено од експертски тим состоен од лекари, геолози и физичари од Франција и Германија. Извештаи од научните студии кои беа спроведени, истакнаа дека термо-минералните води во градот Дебар, содржат околу 4 грама на разни минерали во 1 литар вода, количина која уште ден денес ја нема ниту еден друг термо-минерален извор во Европа. Минералната структура е уникатна, а водата е класифицирана како најлековита во овој континент.


Дебарски бањи - Бањиште

Дебарски бањи - води кои “даруваат живот”

Дебарски Бањи се познат центар за рехабилитација, рекреација и релаксација. Термо-минералните води на Дебарски бањи имаат оптимална температура. Како и разни корисни минерали за човековото тело сурлфур, магнезиум, натриум, калиум, калциум идр. Температурата на водата изнесува 39°C во Бањиште и Косоврасти 41 °C.  Таа се нуди 100% природна и не се лади или догрева како што прават другите бањи. Таа исто така е многу богата со негативни јони и спаѓа во категоријата “Alive Waters”, води кои “даруваат живот” и имаат магични способности за лекување на разни болести.

Дебарски бањи - Бања Косоврасти

Бањата Косоврасти се наоѓа во подножјето на планината Крчин, непосредно покрај реката Радика во близина на Дебар. Изворот е со капацитет од околу 60л/сек.  Температурата на водата е 48 степени. Се одликува како сулфурно-сулфидна со голем степен на радиокативност и присуство на сулфурни бактерии и алги погодни за лечење и за научни цели. Со ваквите карактеристики водата се користи за лечење на повеќе заболувања. Како зголемен крвен притисок, ревматични заболување, дијабетис, кожни заболувања, воспаление на дишните органи.


Дебарски бањи - Косоврасти

Бања Косоврасти, е современ ресорт со 75 модерни соби, сите со поглед кон Дебарско Езеро. Прекрасна природа, високи планини, кањонот на реката Радика, Дебарското Езеро Шпилје и пешачките патеки, се најпогодното место за релаксирачки прошетки како и за оние што бараат авантури и предизвици. Водата богата со здравје, со векови има докажано дека е единствено решение за лекување на разни болести. Бања Косоврасти има професионален лекарски тим кој ги применува старите природни фактори како и најсовремените достигнувања во медицината. Резултатите внимателно се следаат и се споредуваат со планираните.


Повеќе информации за Дебарски Бањи на нивната официјална страна.






Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.