Треска


Треска- река на три клисури

На реката Треска се крие таинствен и на некои места загадочен свет. Свет на високи карпи, чудесни пештери, лекопвити води и растенија.


Треска, во Кичевската Котлина позната како Голема Река, е трета по должина вардарова притока. Извира од карстен вруток кој се јавува на јужниот огранок на планината Бистра, под врвот Киска во с. Извор во Копачка на 740 м надморска височина, а се влива во Вардар во Скопската Котлина кај с. Сарај, на надморска височина од 260 м. По течението од Здуње до Скопската Котлина, во должина од 28 км, реката тече низ стрмен кањон во кој се наоѓа вештачкото езеро Козјак, езеро Света Петка и езеро Матка. Оваа река се влева во Вардар во Ѓорче Петров крај Скопје. Вкупната должина на текот изнесува 138 км, со пад од 480 метри и сливна површина од 2.068 км2 или 8,04% од територијата на Р. Македонија.


Река Треска

Сливот на река Треска

Сливот на река Треска започнува од 2.000 м.н.в. на Стогово и Бистра. Реката надолу тече низ тесна или поширока долина, се до планината Караџица, каде минува низ клисура која добива кањонски карактер. Во својот еволуционен развиток Треска ги изградила Кичевската (14,0 км), Бродската (17,5 км) и Големата Клисура (66,2 км). А, ја пресекува Кичевската Котлина, Бродското алувијално речно проширување, Порече и мал дел од Скопската Котлина.


Од десната страна на Треска, пред влезот на тесната клисура се појавува клисурата на р. Оча. Пред влезот на реката во Скопската котлина се наоѓа клисурата Матка. Овие клисури и падини се составени од карбонатни карпи, безводни или со повремени водени токови. Клисурите се длабоки долови, заклонети од секакви воздушни струења, поради што се многу топли и со висока воздушна влага. Клисурите и лепезите на нивните сливови не само што се извонредни геоморфолошки феномени, туку претставуваат и престојувалиште на специфични видови растенија. Тие бараат повеќе светлина, вода во почвата или воздушна влага. Затоа се слабо конкуретно - селективни, па опстануваат само таму, каде што не може да им конкурира рецентната вегетација. Таа вегетација и флора е реликт од некоја геолошка периода, а опстанале во засолништа како рефугиуми.


Река Треска

Кањон Матка

Рефигуимот Матка се наоѓа во зона на термофилна вегетација и го завзема просторот пред излезот на р. Треска во Скопската котлина од 300 - 600 м.н.в. Теренот е многу стрмен, со издигнати вертикални карбонантни стени, често и до 200 метри високи. Тој се протега од двете страни на реката, од десната страна е во клисурата под манастирот Св. Никола, а од левата на манастирот Св. Андреја,  изградени во 14. век.

Езеро Козјак

Езеро Козјак се наоѓа на реката Треска во нејзината Голема Клисура 15 км спротиводно од браната Матка. Езерото е со повеќе наменски функции како: производство на електрична енергија, потоа наводнување, водоснабдување на градот Скопје и други населби и заштита од поплави.


Река Треска

Езеро Матка

Езеро Матка се наоѓа на реката Треска при нејзиниот излез од Големата (Шишевската) Клисура. Браната е лачна, армирано-бетонска, изградена во 1938 година. Изградено во близината на Скопје, со изразито атрактивен амбиент ова езеро денеска е едно од најпосетените излетнички места во околината на Скопје. Рекреативното езеро Треска се наоѓа во општина Сарај во непосредна близина на село Глумово.


Река Треска

Повеќе за реката Треска на следнава страна.




 

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.