Брегалница


Изворите на Брегалница- недопрена Малешевија

Брегалница е втора по должина река во Република Македонија. Скриена во густа шума, на надморска висина од 1.200м , во самото срце на Малешевските планини се изворите на Брегалница. Патеките до нескротливите девет водопади се достапни за љубителите на природата. Реката во близина на Пехчево продолжува да поминува низ или покрај градовите Берово, Делчево, Македонска Каменица, Виница, Кочани и Штип, и потоа се влева во реката Вардар пред да го продолжи патот кон Егејското Море. На ова подрачје се водела Битката на Брегалница.


Река Брегалница

Сливот на Брегалница

Сливот на Брегалница опфаќа територија од 4.307 км2, што е околу 21% од сливот на реката Вардар и 17% од целокупната теритоија на државата. На источната страна граничи со Бугарија, областа на река Струмица на југ, реката Пчиња на север и реката Вардар на запад. Просечната надморска височина на Брегалничкиот слив изнесува 772 м. Брегалничката област ја опфаќа територијата на целиот Источен Плански Регион. Геолошки, источниот дел од Македонија, вклучително и сливот на Брегалница припаѓа на Родопскиот систем (Српско-Македонски масив) кој се состои од кристализирани шкрилци и гранити. Формирањето на овие планини се случило во Палеозоик, со раседи формирани подоцна во Терцијарот. Денес, сливот се карактеризира со разновидна рељефна структура, која содржи рамнини, долини, и ридски и планински подрачја.


Река Брегалница

Вкупната должина на реката Брегалница изнесува 225 км, има 6 притоки од левата страна и 6 притоки од десната страна. На реката има изградено 6 големи акумулации: Беровско/Ратевско Езеро, Калиманци, Гратче, Злетовско Езеро/ Кнежево, Мантово и Мавровица.


Флора и Фауна по сливот на Брегалница

Специфичните климатски услови, како и геолошката разновидност во регионот, создаваат услови за хетерогена природна вегетација и диференцирање според надморската височина. Во регионот се среќаваат повеќе растителни заедници. Изобилството на шуми во регионот се поврзува со постоењето на 25 различни видови дрвја, со многу други подвидови. Шумите имаат важна улога за задржувањето на водата и намалување на ерозијата, како и во одржувањето на биодиверзитетот. Вкупната површина со шуми во подрачјето на сливот е 1157 км2, или околу 27 % од територијата на регионот. Регионот се карактеризира со голема разновидност на животински видови, и тоа водоземци, влекачи, инсекти, птици и цицачи. Птиците и цицачите форимираат бројни асоцијации, но и голем број индивидуални животни може да се сретнат од најниските до највисоките места. Фауната е особено богата во шумските предели.


Река Брегалница

Ресурси

Регионот е богат со минерални суровини, вклучувајќи ги важните рудници на олово-цинк во Злетово, Добрево и Македонска Каменица. Во Осоговскиот масив се пронајдени минерали на железо и титаниум. На територијата на Делчево има откриени наслаги на злато како и алувијално злато во примероци од реката Брегалница. Кај Радовиш се наоѓа големиот рудник на бакар „Бучим“.


Пехчевските водопади на река Брегалница

На неколку километри од Пехчево се наоѓа туристичката населба Равна Река, како и местото Ченгино кале, познато уште и како најисточната точка на Македонија. Од Ченгино Кале извира реката Брегалница, а од под него извираат двете помали реки Љутачка и Ж’тачка река, кои на местото Скокото се влеваат во друга река која продолжува во Равна Река. Овој туристички локалитет изобилува со бујна вегетација, рамнини и водопади, познати како Пехчевски водопади. Пехчевски водопади, вкупно четири, се нарекуваат место од каде што црпите природна сила и се вистинска уметност на природата, создадена по течението на реката.


Река Брегалница

Повеќе податоци за реката Брегалница, на следнава страна.




 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.