Беровско Езеро


Беровско Езеро - бисер на Малешевските Планини

Беровско Езеро се простира покрај извишени борови и листопадни стебла. Таинственоста, мирната и кротка пејзажна слика ги краси Малешевските Планини. Тие се дел од недопрената природа сокриена во боровата и листопадна шума, каде спокојно мирува Беровско Езеро. Таму, човек просто ја вдишува глетката што питомо се распостила околу него, чудејќи се на сета таа убавина која е рај за очи и душа.


Беровско Езеро или Ратевското Езеро е вештачко езеро кое е сместено на 2 километри од гратчето Берово. До таму се стигнува по пат кој минува низ густа борова шума. Најблиското место каде можете да земете здив е ресторанот сместен покрај езерото со бунгалови за сместување на туристи и детско одморалиште. Покрај езерото се наоѓаат куќички достапни за изнајмување, терени за излет, одлични места за рекреација и спорт. Беровско Езеро им овозможува на љубителите на риболовот услови за рекреативен риболов. Истото изобилува со најразновидни риби, меѓу кои: пастрмка, шаран, клен, мрена, караш. Неколку ресторани кои приготвуваат добра риба и имаат магичен поглед кон Беровксо Езеро за одмор како на очите така и на душата и телото.


Беровско Езеро

Посета на Беровско езеро

Ако сакате да освежите во водите на Беровско Езеро, најпогодно време би ви било во месеците јули и август. Околината на езерото изобилува со прекрасни терени за излет, рекреација и спорт. Во мај може да ги сведочите расцутените борови, а во јули и август да се искапете во езерските води. Постојат пет пешачки патеки, на некои од нив може да се упатите со велосипед. Постои и трансверзална патека која го спојува најјужниот и најсеверенниот дел на Малешевијата. Истата е со должина од 45 километри и висинска разлика од 730 метри – таа претставува предизвик и за најголемите ентузијасти.


Беровско Езеро

Овој предел се карактеризира со свежи лета и студени зими. Пријатната клима го прави овој крај идеално прибежиште во летните периоди. Дојдете во околината на Беровско Езеро и уверете се во чистината, шарите на природата што досега не сте ги виделе. Пределот е богатството со диво овошје и билки. Поради поволната местоположба, во чистата и недопрена природа на надморска висина од 1.000 метри, виреат најразлични шумски бобинки и растенија од кои се приготвуваат лековити чаеви.


Малешевски специјалитети

Она по што можеби и е најпознат овој предел на Малешевијата е секако најубавото беровско сирење кое мора да пробате со тазе печено лепче чиј вкус е незаменлив. После долгите истражувања и прошетки низ природата и чистиот воздух идеално место за посета се бачилата каде освен беровското сиренце со домашна павлака се приготвуваа вкусна традиционална храна, еко-производи и некој од автентичните малешевски специјалитети. Секој кој барем еднаш во животот посакал да го вкуси барем накратко она што немал можност да го види во живо, живеејќи во градски средини и сака вистински да ужива во сета таа убавина и домашна кујна, бачилото е местото каде може да го направи сето тоа.


Беровско Езеро

Повеќе информации за Беровско Езеро на следнава страна.





Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.