Јанче


Живописното село Јанче

По кривулестиот кањон на една од најубавите македонски реки, Радика, во непосредна близина на патот Маврово - Дебар се наоѓа неверојатно живописното село Јанче. Површината на селото изнесува само 4,8 km2, а се извишува на надморска височина од 760 метри. Јанче е една од најстарите населби во мијачкиот регион. Од пред повеќе од пет века во долнореканскиот крај, се споменува уште во документацијата на архивот на Истанбул. Според легендата, првиот жител на селото бил човек со име Јане, по кого се сметало дека ова село Јанче го добило името.


Село Јанче

Паралелното опстојување на црквата и на џамијата се само еден доказ за вековната трпеливост и за соживотот на жителите на ова село Јанче. Куќите се скалесто наредени и сочинуваат неоткинливо единство со прекрасниот природен пејзаж. Нивниот автентичен изглед се должи на традиционалната градителска традиција негувана стотици години. Камените куќи вклучуваат некои фасцинантни примери на распадната селска архитектура со дрвени рамки, земјени ѕидови и крцкави дрвени прагови. Најзаслужен за реставрирањето на куќите од ова село е вештиот и искусен мајстор Тефик Тефикоски. Тефик освен што го задржува автентичниот изглед на градбите, во процесот на реставрирањето користи само природни материјали. Односно – земја, камен и дрво, како што и некогаш се правеле македонските куќи.

Туристички атракции во близина

Региоонот нуди повеќе автентични туристички атракции. Близу јанче се наоѓаат и водопадот Дуф, манастирот Свети Јован Бигорски, мостот Елен скок на Тресонечката река и глацијалното езеро Локув. Секоја година во селото се одржува фестивал на питата, каде што се собираат вештите кулинари од сите околни села во реканскиот крај и се натпреваруваат кој ќе ја подготви највкусната пита. Освен што ќе се наситите од убавината на штедро надарената природа и освен што ќе ѝ се нагледате на бистрата и брза Радика, мора да го вкусите чајот од планинските билки и да го вкусите мавровското сирење од непастеризирано млеко. И, секако, да се опуштите под прекрасното ѕвездено небо.


Село Јанче

Повеќе информации за прекрасното село Јанче на следнава страна.





Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.